Средба на градоначалникот Борче Јовчески со амбасадорот на Унгарија

60

Тие разговараа за продлабочување на соработката меѓу Општина Прилеп и Унгарија, како земја пријател на нашата држава и размена на искуства во областа на културата и економијата.

“Попладнево, остваривме средба со Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Г-дин Ласло Дукс, каде што разговаравме за продлабочување и подобрување на соработката на Општина Прилеп со Амбасадата на Република Унгарија. Унгарија како земја членка на ЕУ е наш иден партнер каде што взаемните соработки ќе ги остваруваме постојано. Во наредните четири години како градоначалник на Општина Прилеп ќе овозможам комплетна соработка понудувајќи му ги сите благодети каде што културниот и економскиот просперитет ќе најдат свое место.“, рече градоначалникот Јовчески.

Градоначалникот Јовчески заедно со амбасадорот Дукс претходно ја посетија ликовната изложба во ЦК „Марко Цепенков“ насловена како „Унгарски културен мозаик“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content