СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Сè што треба да знаете за таблетите против ковид-19

Соединетите американски држави купуваат милиони дози на двата лека за ковид-19 – познати како таблети за ковид, со намера да ги направат лесно достапни.

Тоа, пишува „Хафингтон пост“ е јасен знак дека новите лекови би можеле да ја променат траекторијата на пандемијата, а можеби дури и да помогнат да се стави нејзин крај.

Но, колку тоа е навистина веројатно? Како делуваат апчињата? Еве што треба да знаете за нив.

Во моментов се развиваат два различни лека во форма на таблети – еден од „Фајзер“, а еден од „Мерк“. Иако американската администрацијата на Џо Бајден брза да обезбеди и од двата лека, ниту еден од нив всушност не е одобрен за употреба во САД.

„Мерк“ минатиот месец побара од американската Агенцијата за храна и лекови (ФДА) да даде одобрение за итна употреба за нејзината таблета „молнупиравир“. И „Фајзер“ минатата недела поднесе барање за одобрување за итна употреба на нејзината таблета „паксловид“. Двата лека се наменети за луѓе кои се изложени на висок ризик од развој на тешка форма на ковид-19, поради фактори како возраста, претходни болести или поради статусот на вакцинација.

Агенцијата, за лекот на „Мерк“ треба да расправа на 30 ноември и доколку го одобри тој би можел да биде достапен за неколку недели – веројатно во декември. Оттаму досега не посочија дали планираат да свикаат состанок на кој ќе се разговата за лекот на „Фајзер“.

Инаку, целта на двата лека е да се спречат тешки форми на болест и смрт.

Таблетите не можат да спречат зараразување, но на заразените можат да им помогнат да не развијат сериозни компликации или да ги заштитат од смрт.

Според податоците објавени од компаниите, таблетата на „Мерк“ го намалува ризикот од хоспитализација или смрт на половина, додека на „Фајзер“ за 89 проценти.

И двата би биле лекови на рецепт кои ќе се набавуваат во аптека и ќе се земаат дома, за разлика од лековите сега се даваат со инфузија во болнички услови.

Клучно и за двата лека е да се примат во рана фаза на болеста. Најдобри резултати во студиите се покажале кај пациентите кои ги примиле лековите во првите три дена од појавата на симптоми на ковид-19.

Тие функционираат така што ги блокираат рецепторите за вирусите да не можат да ги нападнат здравите клетки, па го намалуваат вирусно оптоварување на еден организам.

Лековите не се замена за вакцините, ниту пак за носењето на маски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content