Поскапеа лебот, шеќерот, зејтинот, а поевтинја туристичките аранжмани

32

Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 проценти, кај маслото и маснотиите за 2,3 проценти, кај лебот и житата за 1,8 проценти, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,2 проценти, кај млекото за 0,7 проценти, кај сирењето и урдата за 0,5 проценти и кај рибата и морските плодови и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.

 

Во октомври, исто така, пораст на трошоците на животот имало и кај гасот и течните горива за домаќинствата, рестораните и кафулињата, обувките, услугите за домаќинствата, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот и часовниците, големите и малите електрични апарати за домаќинствата.

Намалување на трошоците на животот имало кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, свежото и разладеното овошје, пивото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и виното. Намалување имало и кај воздухопловниот патнички транспорт, туристичките пакет-аранжмани, велосипедите, книгите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content