СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Сугарески по поразот поднесе оставка од партиските функции во СДСМ

Откако загуби во првиот круг на локалните избори како кандидат за градоначалник во Прилеп, но и по катастрофалниот пораз на СДСМ, Горан Сугарески објави дека поднесува оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ по поразот во првиот круг од локалните избори како кандидат за градоначалник на Прилеп.

Според објавеното на социјалните мрежи, Сугарески најавува и дека нема да се врати на позицијата директор на Царинската управа, од каде што си поднесе оставка како морален чин за растоварен да влезе во градоначалничката трка.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.

Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“, објави Сугарески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content