Железничкиот сообраќај во прекин поради бојкот на машинскиот персонал

50

Чакаровски информираше дека товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај. Според возниот ред, прв од патничките возови што според најавите нема да тргне е на релацијата Скопје-Велес предвиден за 09.20 часот.

Бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање за исплата на вториот дел од септемвриската плата, изјави Чакаровски.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content