Концертот, како што најавуваат организаторите, има за цел да покаже дека уметноста и културата можат да бидат алатки за интеграција во општеството, социјализација и подобрување на животот на лицата со Даунов синдроми како и другите лица со посебни потреби.
– Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка, а тоа ќе го направат учесниците Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Дојдете, запејте, исклучете се од реалноста, вклучете се во стварноста на песните, порачуваат од Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21″.
Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на Колектив Ветерница и е подржан од Град Скопје.
Концертот, како што е најавено, ќе започне во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.