СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2021

Дежурни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори

Утре ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства, за следење за нерегуларности поврзани со изборите.

Ова е дел од работата на новоформирамата  привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.

Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами, е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Членовите на комисијата, како и вработените вклучени во нејзината работа, на дневна основа ќе ги следат сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Јавното обвинителство  потсетува дека во функција е отворената електронска адреса, каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content