СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

И годинава доцнат вакцините против сезонски грип

Од Министерството за здравство соопштија дека набавката е во тек и дека се очекува да има 40.000 дози вакцини против сезонскиот грип.

Освен тоа, како што посочуваат, пристигнувањето на вакцините зависи од производителите.

Во меѓувреме, додека се уште се чекаат вакцините против грип, здравствените власти апелираат на што поголем опфат на вакцинација против корона вирусот. Епидемиолозите велат дека, дури и да се случи истовремена вакцинација, и против ковид и против сезонски грип, нема да се случат несакани ефекти од двете вакцини истовремено. Напротив, придобивките од вакцинацијата се многу поголеми, особено, доколку едно лице истовремено се зарази и со ковид и со сезонски грип.

Инаку, лицата кои бесплатно ја примаат вакцината против сезонската инфлуенца, односно грипот, според Комисијата за заразни болести се оние кои припаѓаат на некоја од ризичните групи.

– Стари лица (над 65 години)

– Лица со хронични заболувања

– Здравствени работници

– Бремени жени

– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

Минатата година, комерцијалната вакцина против сезонски грип чинеше 600, а здравствените власти очекуваат оваа цена да остане иста.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content