СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2021

Јовчески: Актуелната локална власт не направи ништо

Жално е што актуелната локална власт не направи ништо во врска со реконструкцијата на плоштади. Сведоци сме во каква состојба се најдуваат и плоштадот кон училиштето Кочо Рацин, но и тој кај Марко Цепенков.

Сведоци сме колку лошо изгледаат буквално сите фонтани, паркови и пешачки зони. Целосно запуштени и не функционални! Затоа, би сакал дa ви ги претставам дел од нашите проекти за реконструкција на плоштади, улично осветлување, пешачки зони, парковии фонтани, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Јовчески:

Почитувани сограѓани,

Денес, стојам гордо пред Прилепската саат кула, говорејќи за повеќе проекти чиј бенефит е за сите граѓани. Жално е што актуелната локална власт не направи ништо во врска со реконструкцијата на плоштади. Сведоци сме во каква состојба се најдуваат и плоштадот кон училиштето Кочо Рацин, но и тој кај Марко Цепенков. Сведоци сме колку лошо изгледаат буквално сите фонтани, паркови и пешачки зони.

Целосно запуштени и не функционални!

Затоа, би сакал дa ви ги претставам дел од нашите проекти за реконструкција на плоштади, улично осветлување, пешачки зони, парковии фонтани:

– Промена на оштетените канделабри и поставување на ново улично осветлување онаму каде што нема.

– Изработка на проект и постепено заменување на уличното осветлување со светилки на погон на обновливи извори на енергија.

– Реконструкција на Старата градска чаршија. Целосна реконструкција на водоводната, одводната, електричната и кабелската мрежа која ќе биде подземна, како и целосно уредување на партерот.

– Реконструкција на плоштад „Александрија“ и плоштадот пред Дом на култура „Марко Цепенков“ (промена на оштетени плочки, промена на оштетени канделабри и освежување на зелени површинисо засадување на цвеќиња и ново зеленило)

– Реконструкција на Афмитеатарот во Варош – негово повторно ставање во функција со органиирање на бројни настани.

– Реконструкција на постојни фонтани – промена на оштетени светилки и оштетени прскалки и ресконструкција на постојни паркови во центарот на градот и приградските населби ,како и во населените места (парк Суд, парк Варош, парк Точила, паркови во Мало и Големо Коњари).

– Реконструкција на уништените паркови и спортски терени и изградба на нови.

– Комплетна реконструкција, обновување и збогатување со нови содржини на Паркот на Револуцијата.

– Партерно уредување со паркови и зеленило во населба Точила околу К-згради;

– Поставување на автоматски системи за наводнување на парковите.

Ова се дел од проектите во нашата програма со кои град Прилеп повторно ќе биде прекрасно место за живеење. За Прилеп се работи!, истакна Јовчески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content