Детална анализа за локалните избори

39

За 81 градоначалничка фотелја во трка се 299 кандидати а 572 се во игра за да пополнат 1347 советнички места. Во просек, во секоја општина има 3,7 кандидати за градоначалник што е раст во однос на 2017 кога во трка беше 261 кандидат или 3,2 по општина. Но на овие избори има најмал број на независни кандидати во споредба со претходните додека бројот на советнички листи е во рамки на просекот.

СДСМ има најмногу кандидатури. На овие избори 13% од сите кандидати за советници или точно 1350 се од владејчката партија. ВМРО-ДПМНЕ има 1230 или 120 помалку.

Право на глас имаат 1.824.864 гласачи што е за околу 10.000 повеќе од изборите во 2017та и за над 80.000 повеќе во однос на локалните избори во 2013 година.

Просечната излезност за последните два циклуси на локални избори е над 63% иако 2017 имаа опаѓачки тренд.

Изборите за градоначалник се одржуваат во два круга но во прв круг може да победи оној кандидат кој ќе освои над половина од гласовите во ситуација кога на гласање ќе излезе над третина од вкупниот број на запишани избирачи. Речи си сигурно е дека во прв круг градоначалници ќе добијат општините каде што има само двајца кандидати. Такви на овие избори има 25 што е 10 помалку од изборите во 2017 кога по само две кандидатури имаше во 35 општини иако на крајот од првиот круг, градоначалници станаа дури 46 кандидати.

Од аспект на резултати сме гледале многу промени на локалните избори. Оние од 2017 ВМРО-ДПМНЕ сака брзо да ги заборави. СДСМ го победи со 80.000 гласа разлика на советничките листи и 57 спрема 5 во распределбата на градоначланици. Ништо подобро не помина СДСМ на изборите во 2013 година кога ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 56 градоначалнички мандати а СДСМ само 4.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content