СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Каматите не смеат веќе да бидат повисоки од долгот

Собранието вчера со 80 гласа „ЗА“ ги донесе измените во Законот за облигациони односи според кои „Каматата ќе престане да тече во оној момент кога нејзиниот износ ќе го достигне износот на главниот долг..“ Измените важат за сите граѓани и фирми.

Граѓанските активисти сметаат дека е добро што пратениците конечно се согласија дека каматата нема да смее да ја достигне висината на главниот долг, но не го кријат своето разочарување што ваквото решение нема да важи за старите побарувања.

Тие се збунети што народните пратеници се согласија да дадат глас за овие неодамна предложени измени, а со месеци се чека да изгласа предлогот за бришење на каматите на долговите кон јавните претпријатија!

Кој од кого го препишал законот и во чија програма тој изворно постоел, но и кој се формално ќе важи како негов предлагач, беше предмет на дебата меѓу пратениците од различните политички партии во текот на вчерашниот ден.

Предлагачи на законот се петмина пратеници од владејачката коалиција, па СДСМ тоа го претстави како свој успех, откако вчера беа изгласани законските измени, а Левица реагираше дека тоа е прекопирано од нивната програма, но и дека и тие се придружиле како формални предлагачи на материјалот. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, изјавија дека даваат целосна поддршка на законското решение, иако има одредени недостатоци.

– Да не ги доведеме граѓаните во заблуда. Каматите што досега им се достигнати, ќе треба да ги платат, а по донесувањето на измените, каматата нема да може да го достигне главниот долг – рече Мицевски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content