СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Денеска се слави Успение на Пресвета Богородица

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Голема Богородица или Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите празници посветен на Мајката Божја.

Скопјани традиционално на овој ден го посетуваат манастирот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Матка, и оваа година согласно мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник ја одбележува смртта на Богородица и православна црква и верниците го слават на 28 август, кога завршува летниот пост од 14 дена.

Според легендата, Богородица живеела 60 години, а според други извори 72, го надживеала својот син и како сведок на многу слави, ја продолжила својата мисија.

Денеска жените одат на причест, затоа што овој ден се смета како празник за сите жени и мајки.

По повод празникот, честитки до православните верници испрати целиот државно-политички врв.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content