Тројца од гостите веднаш биле пуштени на домашно лекување со терапија, а деветмина биле третирани во дневната болница.
Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Сотирова Бухова вели дека постои сомнежот оти причината за труењето е месо што било купено од месарницата „Харизма“ во Прилеп, а сите 12 пациенти имале симптоми на алиментарна токсоинфекција.
Вчера ДСЗИ заедно со инспектори од Агенцијата за храна, епидемиолог и техничари од Центарот за јавно здравје Прилеп, изврши вонреден инспекциски надзор во правниот субјект месарница Харизма. Во дневната болница во Прилеп на втори август примени биле 12 лица со симптоми на труење со храна. Добиено е известување од Центарот за јавно здравје Прилеп за сомневање за труење со храна – приготвено месо на скара. При надзорот се земени брисеви од месото односно мостри од храна и површината каде таа се приготвувала и се чекаат резултатите. Делот од објектот кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен со лента од страна на ДСЗИ и ќе остане затворен до добивањето на резултатите од земените материјали, изјави доктор Бухова.
Неофицијално во месарницата имало просторија каде се прави и се продава храна која немала дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Останува непознато дали и други потрошувачи конзумирале од истите плескавици како и гостите на славата и колку време објектот работел без да биде проверен од Агенцијата за храна чијашто должност е да ги контролира економските субјекти.
Постои сомневање дека труењето е настанато со салмонела, но за потврда се чекаат официјалните резултати земени од мострите.