Од понеделник почнуваат ИПАРД инфо деновите за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

38

Предвидено е ИПАРД инфо деновите да се одржат во поголем број населени места, а првите се планирани за 26 јули во Кочани и Берово.

Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да учествуваат во работилницата за ИПАРД, а претставниците на АФПЗРР и на ТУИ ќе може да им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни апликации за добивање на средства од мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, информира Агенцијата.

 

На овој Јавен повик, отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат барања за користење  средства за алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци (алкохолни производи од овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во Листата од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ, производство на непрехранбени производи, занаетчиски дејности (согласно Правилникот за определување дејности кои можат да ги вршат занаетчиите), услуги во земјоделството, развој на услуги за руралното население и промоција на руралниот туризам.

Како корисници на мерката 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65 отсто од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија. Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво, истакнува Платежната агенција.

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content