Кој го пие овој витамин, од него бегаат комарците

50

Постојат едноставни, природни начини како да се одбијат комарците, како користење на витамин Б комплекс, особено витаминот Б1 кој има мирис кој ги одбива женските комарци – кои боцкаат. Кога го внесувате овој витамин, комарците бегаат бидејќи мирисот на потта им е непријатен, а сличен ефект предизвикува и лукот.

Доктор Несторовоиќ, како особено ефикасен начин на одбивање на инсектите наведува и една стара, добро позната билка – копривата.

 

Копривата убива сè што постои. Наберете коприва, ставете ја да отстои во фрижидер 5 дена во вода и со таа вода испрскајте низ домот. Инсектите ќе исчезнат за неколку часа – тврди д-р Несторовиќ.

Старите билки како копривата, со текот на времето развиле одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габички и од други билки, па затоа се ефикасни.

Ако сепак дојде до убод, чешањето претставува еден од најголемите проблеми, а д-р Несторовиќ како решение предлага уште еден стар рецепт – еозин.

Еозинот помага, црвената боја која се мачка за да се намали чешањето и да се спречи инфекцијата. Но, ако се направат рани и пликови, тогаш тоа не вреди, и на ред доаѓа друг стар лек – цинк оксид – односно цинкова маст. Со неа може да се мачкате неколкупати дневно бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство – објаснува Несторовиќ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content