СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Европа прва во светот со преку 50 милиони заразени со коронавирус

Европа стана првиот регион во светот што помина преку 50 милиони заразени со коронавирус во понеделникот, додека Делта варијантата се шири и го зголемува бројот на дневни инфекции.

Европскиот регион има еден милион новозаразени секој осми ден и пријавено речиси 1,3 милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Делта варијантата, која е многу позаразна од оригиналната верзија на коронавирусот, е откриена во околу 100 земји и сега е доминантна во светот.

Европските пазари стравуваат дека оваа варијанта може да го забави глобалното економско закрепнување. „Инвеститорите се многу загрижени дека може да се случи уште едно затворање за еден месец или два”, рече Рас Молд, директор за инвестиции во брокерска куќа.

 

Европа има 27 проценти од случаите на коронавирус ширум светот и 31 процент на смртни случаи.

На регионот му беа потребни 194 дена да се заразат од 25 до 50 милиони, додека за првите 25 милиони беа потребни 350 дена.

Русија и Франција се приближуваат до бројката од шест милиони заразени од почетокот на пандемијата.

Англија во понеделникот ги укина речиси сите мерки, но т.н. Ден на слободата е обележан со зголемен број заразени лица и лоша прогноза.

Франција имаше едно од најстрогите „заклучувања” во Европа и сега бара потврда за вакцинирање за да се влезе во повеќе места од почетокот на август, како и задолжителна вакцинација за здравствените работници. Тоа предизвика големи протести во земјата викендов.

Холандија минатата недела објави дека упатствата за работа од дома се повторно во сила, само неколку недели откако беа укинати, како и некои ограничувања кога станува збор за барови, ресторани и ноќни клубови.

Грција бара од посетителите на рестораните и кафулињата да покажат потврда за вакцинација за да можат да влезат во внатрешноста.
Во светот има вкупно 190 заразени со коронавирус и четири милиони смртни случаи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content