СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.

На синоќешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.

Според препораката од Владата, за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник),  а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021  (петок).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content