Детално, по ставки за секој од членовите. Приходите пораснале за еден милион евра, а и добивката пораснала за 33 отсто. Минатата година е една од најтешките години од друг аспект, а поради пандемијата на корона вирусот за жал многу луѓе починаа.
Од друг аспект, сепак скопскиот погребен сервис „Бутел“ е пример за транспарентно известување на инвеститорската јавност. Во годишниот извештај достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ компанијата во детали ги објави бруто и нето примањата на управувачката и надзорната структура, а тоа е реткост на нашиот пазар на капитал.
Најголемото скопско погребно друштво лани во пандемиската година направило приходи 3 милиони евра што е за една третина повеќе во споредба со претходната година кога приходите изнесувале 2 милиони евра. Добивката на друштвото на крај на минатата година надмина 206.000 евра и тоа е за 34 отсто подобар резултат од претходната година.
Најдобро платен во „Бутел“ е генералниот менаџер Саит Хајровиќ кој има бруто годишна плата од 50.000 евра. Неговата месечна нето плата е 2.740 евра, а годишниот надоместок за членство во органот на управување изнесува 1.760 евра. Транспарентноста при објавата на примањата оди дотаму што за секој од членовите на управата и надзорниот орган се објавени дури и нето примањата за регрес за годишен одмор и новогодишниот бонус.
Сите информации се јавно достапни на следниов линк