СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Во Прилеп и во Долнени денска и утре ќе е одржува, по 47-ми пат, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а втората фестивалска вечер е утре од 19 часот на Рудина кај Долнени.

Околу 320 учесници од сите краишта на земјава овие два дена ќе ги разлеваат кавалот, гајдата, зурлата, изворната песна, ќе одекне тапанот укажувајќи на негувањето и чувањето на богатиот изворен мелос.

На Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, кој и годинава се одржуваше „он-лајн“ (од 28 јуни до 1 јули), учествуваа 12 млади од Кочанско и Прилепско. Тие својата умешност во изведување изворен мелос ќе ја покажат на втората фестивалска вечер, на Рудина, Долнени.

 

Утре од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ на кој еминентни етномузиколози ќе ги претстават трудовите од повеќе области на фолклористиката. Издаден е и вториот Зборник трудови од фолклористиката.

Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи. Најголеми се наградите: Гран при за најдобри изведувачи во целина и за најдобриот гајдаџија Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content