Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните, а долгот ќе се плаќа на 12 рати

49

Владата го подготви текстот на Предлог закон за отпишување на каматите и репрограмирање на долговите на граѓаните.

Како што изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција, со оваа мерка ќе бидат опфатени најмалку 150.000 граѓани кои ќе имаат можност да ги платат долговите на 12 рати, а износот на каматите ќе им биде простен.

 

Генералната пресметка на долговите е дека граѓаните долгуваат неколку десетици милиони евра. Половина од долгот, како што рече премиерот, е од каматите на опвие долгови.

Со овој закон се опфатени сите долгови на граѓаните кон државни органи, јавни институции и УЈП, а опфатот е заклучно со денот на влегување на законот.

Државните органи и УЈП се должни да го утврдат главниот долг трошоците и каматите во рок од 90 дена и да ги известат граѓаните за долгот.

Заев ги повика и приватните компании кон кои имаат долгови граѓаните да се вклучат во активноста.

Немаме право да им наложиме на приватните компании да ги простат долговите, но ги повикувам да покажат општествена должност и да прифатат ваква обврска – рече Заев.

Премиерот рече дека овие граѓани бидејќи се сиромашни не успеале да ги платат долговите. Дел од нив немале работа, а дел земале минималец.

Законот треба да биде изгласан и од пратениците во Собранието.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content