СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Шест позитивни ефекти на лубеницата врз човечкото тело

Лубеницата е популарно летно овошје кое се консумира во текот на долгите топли денови. Ова освежувачко овошје е полно со витамини и хранливи материи, па дури може да ви помогне и да се одбраните од болести.

Еве шест позитивни работи кои консумирањето лубеница ги предизвикува на човечкото тело.

1. Ја одржува хидратацијата

„Лубеница со средна големина содржи околу 92% вода, па затоа е одлична опција да останете хидрирани“, вели Елизабет Бејл, основач на Elizabeth Beil Nutrition.

 

Водата е важен дел од функционирањето на организмот. Всушност, водата сочинува 60% од составот на нашето тело, што објаснува зошто игра голема улога во скоро секој организам.

2. Содржи есенцијални витамини

Лубеницата содржи многу витамини што му се потребни на вашето тело, вклучувајќи витамин А, Ц и Б6. Исто така, лубеницата содржи магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

3. Помага при регулирање на телесната тежина

Едно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Големата содржина на вода во лубеницата исто така може да ви помогне побрзо да се заситите и притоа да внесете помалку калории во целина.

Истражување од 2019 година за испитување на ефектите од конзумирањето на лубеница врз ситоста и телесната тежина кај возрасни со прекумерна тежина и дебели лица покажа дека оние кои конзумирале две парчиња лубеница дневно четири недели, се чувствувале помалку гладни и изгубиле значително повеќе килограми од групата што конзумирала нискокалорични колачиња.

4. Спречува болка во мускулите

„Лубеницата содржи Л-цитрулин, аминокиселина која помага да се намали болката во мускулите после тренинг. Л-цитрулин ги проширува крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбање“, вели Ејми Шапиро, диететичар и основач на Real Nutrition.

Истражување од 2013 година открива дека учесниците кои пиеле обичен сок од лубеница или сок од лубеница измешан со цитрулин имале помалку воспаление на мускулите после тренинг отколку групата која пиела само пијалок од цитрулин.

5. Го намалува крвниот притисок

„Бидејќи цитрулинот помага во отворање и релаксирање на крвните садови, може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисок“, вели Шапиро.

Ако останете правилно хидрирани, исто така можете да си помогнете во подобрувањето на крвниот притисок бидејќи ова му помага на вашето срце поефикасно да испумпува крв во вашите мускули.

Истражување од 2012 година откри дека додавањето на екстракт од лубеница го намалува крвниот притисок кај дебелите возрасни лица со хипертензија (висок крвен притисок) или прехипертензија.

6. Го подобрува варењето на храната

„Влакната се важни за варењето на храната, бидејќи додаваат маса на столицата, што го олеснува поминувањето“, вели Шапиро.

Иако лубеницата не содржи многу растителни влакна – околу 1 грам по парче – неговата висока содржина на вода може да помогне во подобрувањето на варењето на храната.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content