СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

„Вистинска парада на гордоста“ во Битола – дом, семејство, родители, мајка, татко и деца

Да се зачуваат вредностите на брак, мајка, татко и деца, беше главната порака од вчерашната „Вистинска парада на гордоста“ што се одржа во Битола.

„Начелата по кој треба да сме водени за организирање на ‘Вистинската парада на гордоста’ се дом, семејство, родители-мајка и татко, деца. Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед”, велат учесниците на вчерашната парада во Битола која се одржа истовремено кога и „Парадата на гордоста“ во Скопје.

Учесниците на парадата во Битола самоиницијативно се организираа преку социјалните мрежи. „Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме таа да се редефинира. Сакаме бракот да остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2. Нашите барања се да не се финансираат геј паради од државниот буџет, зашто најголемиот дел од народот, православен и другите верски заедници не го одобрува тоа“, изјавуваа учесниците.

 

Во Битола по вторпат се одржува „Вистинската парада на гордоста“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content