СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Стојоски ќе ја брани честа на македонската атлетика на ОИ во Токио

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски доби вајлд карта за настап на летните Олимписки игри во Токио.

Одлуката, како што официјално е соопштено, ја потврди денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) водејќи се од пропозициите на Светската атлетска федерација право на настап на Игрите во Токио да добие најдобро рангираниот атлетичар во дисциплината во којашто настапува.
Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јован Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио, соопшти Македонската атлетска федерација.

Атлетичарот Стојоски е осмиот македонски спортист што има обезбедено настап на Олимпијадата, која од 23 јули до 8 август ќе се одржи во Токио.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content