СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Македонија го завршува настапот на ЕУРО

Репрезентацијата на Македонија денеска во 18.часот го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување, прв пат во Македонската историја.

Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв пат овозможија целокупната Македонска јавност , да ја осети фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување, што секако е за поздрав, и за пофалба. Македонија ги загуби првите два натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 па останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 .

 

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската публика, ја зближија и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал, и можноста за напредок.

Денешниот натпревар ќе го одбележи уште еден куриозитет, односно капитенот Горан Пандев и еден од најдобрите фудбалери во Македонската историја , најави дека мечот со Холандија ќе му биде последен во репрезентацијата , по 20 години играње.

Горан Пандев дебитираше 2001 година а досега за Македонија настапи 113. натпревари и постигна 34 погодоци.

Ова ЕВРО 2020 , е најсветлата точка, во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се , така и ќе остане. Секоја чест за момците кои не направија горди во секоја смисла на зборот, направија Македонија да се пробие на Европската фудбалска карта и го направија горд секој Македонец на планетата. Резултатот нека биде во втор план , одиграјте го последниот меч за Македонската нација , за себе и уживајте. Капа доле дечки и уште еднаш благодарност што ни овозможивте да уживаме во ЕВРО 2020 со Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content