Анкета на ИРИ за реформите во образованието

37

Имено последната, објавена од ИРИ вели дека токму две третини од испитаниците или 67 проценти дале лоша оценка за квалитетот на образовниот процес за време на корона пандемијата. 23 отсто од испитаниците одговориле дека образовниот процес за време на кризата воопшто не се променил, а само 8 отсто сметаат дека наставата во време на пандемија се подобрила.

Царовска пак, континуирано ја убедува јавноста дека работи како што треба, а на крајот на учебната година се пофали дека „наставата и покрај пандемијата била квалитетна, а учебната година завршила успешно“. Ова наиде на жестоки реакции од родителите оти сериозно добар дел од нив не успеаја да им обезбедат услови за онлајн учење на сопствените деца, а тоа не го направи ниту државата.

 

Дали Царовска ја виде анкетата и што ќе преземе, коментар нема.

Инаку во однос на довербата која граѓаните ја имаат кон образовните институции, 46 проценти одговориле дека не им веруваат. 20 отсто одговориле дека воопшто не им веруваат, а 26 проценти рекле дека делумно не им веруваат. Од друга страна 43 отсто од испитаниците одговориле дека делумно веруваат во образовните институции, а само 7 процнети дека довербата е целосна.

Во однос на образовниот процес, најслаба доверба тој има во Општина Гостивар. Таму 20 проценти од жителите одговориле дека најголем проблем со кој се соочуваат е токму образованието. На прашањето дали денешната генерација на млади луѓе има иднина во вашата земја, близу 80 проценти од испитаниците одговориле негативно, што е за два процентни поени повеќе од минатата година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content