СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Услови за патување во Грција, Турција и Албанија

Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување.

Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и Албанија. Условите за влез поради пандемијата се различни.

Генерално, негативниот ПЦР тест или сертификатот за вакцинација се задолжителни, освен за Албанија и Црна Гора, каде засега на граничните премини не се бараат посебни документи за влез во земјата. Црногорските власти дури најавија дека целосно на државен трошок ќе биде покриено и болничкото лекување доколку некој турист заболи од Ковид-19.

 

Во моментот, за Турција е потребен негативен ПЦР тест или сертификат за завршена вакцинација, а за влез во Грција од денеска, според најавите, покрај веќе познатите опции за влез, ќе може да се влезе и со негативен антигенски рапид (брз) тест. Оваа промена, грчките власти ја најавија вчера, а стапи во сила од утринава во 6 часот.

За патување кај јужниот сосед, како можност за влез, остануваат и досега познатите правила задолжителен сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето. Како опција за влез останува и приложувањето на потврда за прележан коронавирус. Новата опција, односно негативниот резултат од брзиот тест треба да биде направен до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Задолжително е и пополнувањето на PLF формуларот кој може да се најде на сајтот https://travel.gov.gr. Овие обврски ќе важат за сите лица со наполнети 12 години и постари.

Сертификатот за вакцинација треба да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, да е издаден од јавна установа и да ги содржи основните генералии за лицето односно име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на примената вакцина и бројот на дози и датумот кога се примени вакцините.

За влез во Грција од Северна Македонија отворен останува граничниот премин Евзони кој работи од 6 до 22 часот по македонско време.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content