СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Што знаеме досега за индискиот сој

Делта сојот на ковид-19, познат како индиски, е многу позаразен од мутациите кои се ширеа досега, како и од алфа сојот познат како британски.

Според анализата на податоцитe на Британската здравствена служба, ризикот за зараза на членовите на домаќинствата, се проценува дека е за 60 отсто зголемен, пишува Дојче Веле.

Тоа ја зголемува опасноста за зараза на лица кои претходно биле вакцинирани само со една доза. Лабораториските тестови укажуваат на тоа дека овие вируси забрзано со размножуваат во телото.

 

Она што е важно да се знае за претстојните летни недели е тоа дека сезонското ширење кај делта сојот е многу поизразено отколку што се претпоставуваше на почетокот, изјави германски политичар од СПД, кој се занимава со здравство, Карл Лутербах, повикувајќи се на истражување на Оксфорд. Тоа значи дека ризикот за зараза во лето е многу помал.

Кои се симптомите на делта сојот?

Делта сојот, исто така, се смета за ризичен и поради тоа што предизвикува нешто поинакви симптоми од претходно познатите соеви на коронавирус. Заразените се жалат на главоболка, течење на нос и болно грло. Температурата, исто така, ја има и кај овој сој, но не и губењето на мирис и вкус, било истакнато во пријавите на заразени лица дадени преку британска апликација за следење на коронавирусот.

Со која брзина се шири?

Делта сојот се шири многу брзо, а тоа се покажа во Велика Британија каде околу 58 отсто возрасни веќе примија две дози вакцина потребна за потполна заштита.

– Моментално постои пораст од околу 50 отсто секоја недела. Тоа е секако сигнал за предупредување, изјавила шефицата на Институтот за медицинска вирологија при Универзитетската клиника во Франкфурт.

Седмодневната инциденца која во Велика Британија, на почетокот на мај се намали под 20, сега повторно се зголеми на преку 70 нови заразени на 100 000 жители во рок од седум дена. Поради тоа премиерот Борис Џонсон за четири недели го одложи укинувањето на сите мерки против ширењето на коронавирус во Англија, планирано за 21 јуни.

Колку вакцината штити од делта сојот?

Според анализата на податоците на Британската здравствена служба, лицата кои се целосно вакцинирани со „Фајзер“ или „Астра-Зенека“ се многу добро заштитени од тежок тек на болеста. Ефикасноста, како што е истакнато, е отприлика еднакво висока како и кај алфа сојот. Ризикот за хоспитализација е за повеќе од 90 отсто во споредба со лицата кои не се вакцинирани.

Оние кои примиле само една доза вакцина се значајно помалку заштитени. Анализата покажала дека особено кај вакцината „Астра-Зенека“, која инаку добро штити, по првата доза заштитата била особено мала.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content