СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Од денеска границите на ЕУ се отворени за сите македонски граѓани

Советот на Европа ја стави Македонија на листата епидемиолошки безбедни трети земји за кои се укинуваат ограничувањата за патување во Унијата.

Тоа дека граѓаните кои доаѓаат од тие земји ќе им  биде дозволен влез преку граница на ЕУ без оглед дали се вакцинирани против Ковид-19 или не, или имаат или немаат важна причина за патување.

Притоа како што објасни портпаролот на Европската комисија за миграција, внатрешни работи и државјанство, земјите членки сами ќе одлучат дали ќе бараат пи си ар тест за патниците, тестирање по пристигнувањето  или карантит. Советот на ЕУ листата на безбедни трети земји ја ажурира на секои две недели а денеска на неа  покрај  Македонија, се запишаа уште  неколку држави.

 

Советот донесе одлука ова утро да ја зголеми листата од каде не-критично патување е дозволено за невакцинирани патници. Додадени се: Албанија, Либан, Северна Македонија, Србија, Тајван и САД. Секако, ова е добродојдена вест, епидемиолошката слика во се повеќе земји му дозволува на Советот да ја донесе оваа одлука изјави портпаролот на ЕК.

За да се добие статус на безбедна држава во земјата мора да се забележи најмногу 75 позитивни случаи заразени со Ковид19 на 100 000 жители во последните 14 дена. Инаку Советот на ЕУ во мај  формално ги укина рестрикциите за несуштински патувања за граѓани  од трети земји целосно вакцинирани против Ковид-19 со вакцина одобрена од ЕУ или СЗО, вклучително и граѓаните на Западен Балкан.  За сега тоа се вакцините на Фајзер, Бајнотек, Модерна, Астра Зенека , Синофарм и Џонсон и Џонсон.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content