Македонија
Голема полициска акција, спречен меѓународен транспорт на дрога,уапсени дилери
Голема полициска акција, спречен меѓународен транспорт на дрога, уапсени дилери од Горна Матка и Грчец, дознава Канал 5.
Денеска полициските инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, дознаваме од извори во истрагата.
Според нашите извори, на влезот во Гостивар запленета е дрога, а уапсени се лица од Горна Матка, Грчец…
Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.