СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Пензионерите кои земаат пензии во Комерцијална и Шпаркасе ќе можат да ги подигнат утре

Комерцијална и Шпаркасе банка ќе започнат од утре да ги исплаќаат пензиите за април, иако парите од ПИОМ ќе бидат пуштени после 1-ви мај, односно на 2-ри Мај.

Другите поголеми банки, сѐ уште немаат информации кога ќе започнат да ги исплаќаат пензиите. Дел од нив пензии не исплатија ни пред Нова година, па тоа предизвика револт кај дел од пензионерите.

Во продолжение соопштенија на Комерцијална и Шпаркасе банка:

„Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за април од вторник 30.04.2024 година.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.“ – Комерцијална банка.

„Ве известуваме дека пензиите за месец април 2024 година ќе се исплаќаат од 30.04.2024 год. (вторник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.

Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.

Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 30.04.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.“ – Шпаркасе Банка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content