СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

„Граѓаните имат валидни документи и не се виновни што се наметнува рок за промена“

Промената на документите за идентификација, патните исправи, возачките дозволи и автомобилските таблички, која беше наметната поради промената на името, стана тежок товар за граѓаните кои и така се притиснати до ѕид од економската криза, која е се која се продлабочува се повеќе, велат од новот Демократско движење на Изет Меџити.

Според нив ваквото условување ги натера граѓаните со право да реагираат, бидејќи имаат валидни документи и не се тие виновни што се наметнува рокот за издавање нови.

Демократското движење предлага, што е природно, трошоците за оваа „операција“ да бидат на товар на самата држава.

– Владата мора да донесе одлука за ослободување на граѓаните од дополнителни трошоци, а за оние кои веќе ги извадиле документите, да најде облици на надоместок. За создавањето на оваа неповолна состојба, најмалку се виновни граѓаните од кои огромното мнозинство се на работ на економска и социјална катастрофа, истакнуваат тие.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content