СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Градоначалникот Јовчески ги посети мајката и првото бебе, кое во Прилеп се роди 1 час по полноќ

Некаде еден час по полноќ на одделението за гинекологоја и акушерство при ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески”, се роди првото бебе во Новата година

Утринава ги посетив мајката и бебето и во името на Општина Прилеп им подарив штедна книшка со 12.000 денари, како и други подароци за бебето. На родителите им ја честитав нивната втора радост со желби за прекрасно детство и многу здравје, среќа и успех! На вработените во ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески” им ја честитав Новата година, им посакав да им биде многу бериќетна и да ја поминат во добро здравје, со многу успеси и просперитет на сите полиња – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content