СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Еве како и каде ДА ПРИЈАВИТЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре, среда, од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг од претседателските ибори граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, а тоа можат и лично да го сторат.

Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на ул.Македонија бр.19 во зградата на ТД Макошпед (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има  и во подрачните канцеларии: Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content