СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Поднесена тужба против Европската комисија – не ги штити правата на Македонците во Бугарија

Македонски клуб за етничка толеранција од Благоевград ја тужи Европската комисија до судот за правдата во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување.

Со тужбата се бара судот за правда да ги скрати сите финансии на Бугарија што доаѓаат од кохезивниот фонд во висина од над 1 милијарда евра се додека не го регистрира македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, чија регистрација била одбиена.

Пред две години ЕК по поднесена претставка против Бугарија се прогласила за ненадлежна да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија, спротивно на член 317 од договорот за функционирање на ЕУ. Тужбата е иницирана од Нов АСНОМ,со поддршка на македонското движење за човекови права од Торонто Светскиот каедонски конгрес Канада и многу Македонци од светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content