Спорт
Познат е датумот кога ќе започне новата сезона во НБА
Здружението на НБА играчи соопшти дека бордот претставници на играчи го одобрил 22. декември како датум за почетокот на новата сезона во НБА лигата.
Освен датумот, одобрен е и претходно предложен број натпревари во регуларниот дел од сезоната – 72.
За останатите детали сега ќе преговараме, очекуваме договор да биде постигнат за сите деликатни прашања и предизвици кои се пред нас, се наведува во соопштението од Здружението на играчи.
Се очекува наскоро НБА и официјално да потврди дека новата сезона ќе започне на 22. декември.