УХМР предупредува: Жолт метеоаларм во цела Македонија, можно ново невреме со град и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолт метеоаларм за целата територија на Македонија, предупредувајќи дека и денеска ќе продолжи периодот на нестабилно време.

Според прогнозата, во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд, локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. На одделни места постојат услови за развој на невреме проследено со појава на град.

Метеоролозите најавуваат и умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено, да избегнуваат престој под дрвја и нестабилни конструкции и да ги следат најновите временски информации, имајќи ги предвид последиците што вчерашното силно невреме ги предизвика во повеќе делови од земјата.

..

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content