Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност

За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата.

Мицкоски порача дека реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност.

– Во изминатите две години државата повторно почна да се движи. Повторно почна да инвестира. Повторно почна да гради. Повторно почна да создава доверба. Повторно почна да отвора можности. Но, јас денес не стојам овде за да кажам дека сме ја завршиле работата. Напротив. Денес стојам пред вас за да кажам дека најважниот дел од работата допрва започнува. Затоа што државите не се градат за две години. Тие се градат со генерации. И секоја генерација има обврска да остави држава подобра отколку што ја затекнала. Тоа е нашата обврска. Тоа е обврската на оваа Влада. И токму затоа денес пред вас не стои само предлог за избор на нови министри. Пред вас стои предлог за нова енергија. За ново темпо. За нова фаза во развојот на државата. За Влада која нема да биде задоволна со постигнатото, туку ќе биде гладна за нови резултати. Не затоа што се откажуваме од досегашниот курс. Туку затоа што сакаме тој курс да биде уште побрз, уште поефикасен и уште поодлучен – рече Мицкоски.

Тој укажа дека во годините што следат Македонија ќе биде исправена пред големи можности и оти нема да дозволи државата да ги следи процесите, туку дека ќе биде предводник на промените во регионот.

– Политиката е минлива, функциите се минливи, мандатите се минливи, но државата останува. И затоа секоја наша одлука мора да биде донесена со свест дека не ја носиме само за денес, туку и за годините што доаѓаат – рече Мицкоски.

Ќе има, посочи, предизвици, отпори, обиди, секој успех да биде минимизиран, а секој проблем да биде претставен како пораз, но, нагласи, природата на државничкото лидерство е поинаква.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content