Сали на покана на Макрон во Елисејската палата за Националниот празник на Франција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција.

Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент.

Во вечерните часови, министерот Сали ќе присуствува на официјалната вечера организирана од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, во Елисејската палата, со учество на шефови на држави и влади од партнерските земји.

На 14 јули, министерот Сали ќе присуствува на традиционалната воена парада во Париз по повод Националниот празник на Франција, која годинава се одржува под мотото „Стратешкото будење на Европа“, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, безбедност и зајакната европска соработка.

Учеството на овие активности ја потврдува блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и европската соработка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content