(ФОТО) Кузеска се јави на Бранко да му каже како се сака СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, преку објава на социјалните мрежи оцени дека актуелното раководство на партијата од првиот ден се соочува со силни притисоци и напади, без да добие, како што рече, ниту еден ден простор за нормален почеток на својот мандат.

Според неа, најголем проблем е што, наместо нападите да доаѓаат од политичките противници, тие пристигнуваат од редовите на самата партија.

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган. И најболно е што сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре“, истакна Кузеска.

Таа потсети на периодот по изборниот пораз на СДСМ, кога, како што рече, партијата останала сама и покрај тоа застанала зад сите свои членови кои се соочиле со политички и правни последици.

Статусот на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ви го пренесуваме во целост:

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Ниту еден „меден месец“. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган.

​И што е најболно, сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре. Од луѓе кои наместо да помогнат, работат на тоа да ја ослабат позиција на СДСМ, водени од лични суети или минати сметки.

​Сетете се каде бевме не така одамна. Кога СДСМ изгуби, оваа партија беше оставена сама. Буквално сама во калта. И во такви услови, застанавме цврсто зад секој еден човек кој се соочи и со политички прогон и кривични пријави. Притоа, никој не правеше калкулации, застанаа пред јавноста за да одбранат некои кои денес не се ниту тука, а други пак, денес се кријат зад некакви платформи.

​И сега, слушнав коментар во стилот: „па двајца-тројца излегувале во јавност да напаѓаат власт“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content