Професор Спасеновски за реконструкцијата: Сосема нормален чин, кој гарантира дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија за реализирање повеќе проекти

Реконструкцијата е осема нормален чин, кој гарантира дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија што ќе овозможи реализирање на повеќе проекти изведени на подобар начин, посочи проф. д-р Александар Спасеновски од Правниот факултет при УКИМ во „За или против“ на ТВ Алфа. Смета дека е важно да се истакне свесноста за тоа дека треба тимот да се менува и да се унапредува затоа што тоа ќе биде нов ветер во едра за поенергична работа на Владата.

-Реконструкцијата како чин, тоа е нешто сосема нормално. Особено нормално во демократски општества кои имаат наталожено проблеми и во коишто постојат големи очекувања од страна на владата и од страна на граѓаните во однос на владата.Тоа е едниот аспект во демократски држави во коишто постојат коалициски влади формирани врз основа на изборни математики во законодавната власт и сесема нормално е после одреден веменски период да се размислува како била водена државата и дали нешто може да се поправи, да се сетира, да се прилагоди за да има уште подобри резултати во следниот период до оддржувањето на изборите, независно дали тие ќе бидат редовни или предвремени, цени универзитетскиот професор..

Во интервјуто со Љупчо Цветановски, Спасеновски потенцира дека ова не е реконструкција која се прави за да се оддржи владата, како што беше случај со владите од 2017-та до 20124-та кои беа на стаклени нозе, затоа што актуелната власт има комотно, огромно мнозинство, туку се прави за одджување на високиот легитимитет и внесување поголема енергија.

-Во таа смисла, она што е важно да се истакне е дека секогаш, секоај реконструкција со себе носи и одредени ризици, меѓутоа тие ризици сметам дека во овој случај не постојат, затоа што изборната математика е прилично поволна, силно поволна во полза на владејачката колаиција бидејќи таа околу себе обединува пратеници коишто се еквивалент на две третини од вкупниот број на пратениците во македонското Собрание. Значи, некакви ризици кои постоеја во минатото, ако се сеќавате при разни реконструкции, особено во период по 2017-та година, секогаш во овие дебати за реконструкции имаше еден друг наратив којшто одеше паралелно – дали ќе има парламентарно мнозинство, дали ќе се обезбеди парламентарно мнозинство, цело време бројките беа околу 61-62, 63 пратеника, дури имаше и прилози по телевизиите, ако се сеќавате – дали денеска парламентарното мнозинство падна под 61 пратеник, нешто што сега го нема. Зачувана е стабилноста на институциите.

И бидејќи тоа го нема, една од најверојатните причини зошто се прави оваа реконструкција од страна на првиот човек во извршната власт, а тоа е претседателот на владата, премиерот, е желбата да се даде поголема енергија, поголем ветер во едра во насока на реализирање на предизборните ветувања. Зошто, заради тоа што во оној момент кога една политичка партија или една коалиција ќе ја добие довербата од граѓаните, таа има свој највисок легитимитет. Умешноста на домашната, претходните, па и владите во некои други држави е да го оддржи нивото на тој легитимитет колку што е можно повисоко, подолг временски период. Бидејќи тоа е гаранција дека ќе имате поволен политички исход на следните парламентарни избори. А која е причината за постоење на секоја партија? Партиите постојат за да ја извршуваат власта или ако се на власт, да бидат колку е можно подолго. Тоа е логиката на постоењето на партиите, во спротивно тие не би  биле партии. И во оваа отсечка меѓу легитимноста и природата на постоењето на партиите ја гледам логиката за реконструкцијата, односно – желбата да се оддржи високиот легитимитет, кој што постои, а доказ за тоа ни се анкетите на јавното мислење од една страна и од друга страна потребата да се испорача што е можно пвеќе ветувања затоа што тие се гаранција дека ќе останете подолго на позицијата на која што се наоѓате, а тоа е да ја предводите државата, вели професорот од Правниот факултет.

Спасеновски се навраќа и на останатите, логични причини за реконструкција кои честопати се поведени од самите министри и нивната лична проценка и состојба.

-Исто така, ниедна личност не е совршена, можеби за дел, природно е, прашање на статистичка грешка е за некого да се прелажете, да имате еден впечаток, но да излезе дека можеби не одговара на претставата која што вие сте ја имале, можеби некоја личност во меѓувреме се заморила, можеби некоја личност самата се преценила или можеби сфатила дека тука завршува неговиот полн капацитет и време е палката да се предаде на некој друг и сите овие варијабли влијаат на фактот дека е време да созрее моментот, да созрее впечатокот дека е потребна реконструкција. Она што јас сметам дека е важно да се истакне е свесноста за тоа дека треба тимот да се менува и да се унапредува затоа што тоа е важна гаранција дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија, нов ветер во едра како што се изразивме малку претходно, којшто ќе овозможи реализирање на повеќе проекти на подобар начин, потенцира проф. д-р Спасеновски во интервју за Алфа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content