Ахмети го брани Рама: Протестите МУ ГИ ПРАВЕЛЕ ГРЦИЈА И СРБИЈА?!

Али Ахмети во офанзива на одбрана на Еди Рама, творецот на Тиранската платформа од 2017-та во Македонија, време кога со Заев без победа на избори дојдоа на власт за да го сторат она што следуваше. Во својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел тој зборуваше за протестите во Албанија. Ахмети рече дека „непријателите на нацијата се обидуваат да создадат несигурност“, набедувајќи ги Грција и Србија дека го реметат Рама.

-Главната индустрија на Албанија е туризмот. Туризмот е погоден. Од каде дојде првата кампања? Од Грција, бидејќи туризмот е загрозен од Албанија, тој е загрозен во Грција. Соседна земја не треба да размислува вака за својот сосед, но еве што се случи, првата изјава и првите реакции дојдоа од Грција. Кој стана првиот портпарол на оваа кампања? Во Белград? Истиот оној што води кампања за протестите во Србија води кампања за протестите во Албанија.

Некој може да стане и да каже: Али Ахмети го брани Еди Рама. Не, Али Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда. Таа е погодена. Главната гранка на индустријата, туризмот; главната гранка, странските и домашните инвестиции. Немојте да мислите дека нема последици за домашните инвеститори, а камоли за странските. Бидејќи ниеден домашен инвеститор не го ризикува својот капитал таму каде што има неизвесност.

А кој се обидува да создаде несигурност во Албанија? Непријателите на албанската нација. Не велам дека овие луѓе излегле таму, тие се непријатели, паднале во стапицата на непријателите, без добро да ги анализираат и проучат последиците што ги предизвикуваат врз нацијата, не само во Албанија, туку и пошироко – рече Ахмети во својот националистички говор во Бутел.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content