Еден пожар активен, еден ставен под контрола и седум изгаснати

На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово – улица Ѓуро Пуцар број 38 (ниска вегетација), Општина Чашка – село Чашка (ниска вегетација), Општина Демир Хисар – село Обедник (ниска вегетација), Општина Гази Баба – село Јурумлери (сува трева, грмушки и кабаст отпад), Општина Липково – село Липково (сува трева), Општина Липково – село Матејче (сува трева) и Општина Куманово – населба Перо Чичо (бандери и дрвја).

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content