Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, како што наведуваат, „чека странска рака да го направи премиер, а не македонскиот народ“.

Од партијата тврдат дека Филипче со месеци испраќал сигнали дека е подготвен на нови национални отстапки, што според нив е потврда дека СДС и актуелното раководство би направиле сè за повторно да дојдат на власт.

„Филипче размислува исто како Заев, да потпише сè што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за Филипче не постојат „црвени линии“ кога станува збор за јазикот, идентитетот и националните прашања. Според партијата, тој со месеци му се додворувал на бугарскиот претседател Румен Радев и би прифатил уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот.

Од владејачката партија посочуваат дека, иако Филипче тврди дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски позиции, како што велат, се насочени кон негирање на македонската посебност, јазик и историја.

„Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се критикува и периодот кога СДС беше на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека партијата ветувала европско здравство и економски просперитет, но дека ниту едно од тие ветувања, според нив, не било исполнето. Наместо тоа, како што тврдат, функционери блиски до СДС „се луксузирале на грбот на народот“.

Партијата дополнително обвинува дека актуелното раководство на СДС и Филипче се поврзуваат со скандали за јавни набавки, купување медиуми и надворешна политика заснована на тргување со националниот идентитет.

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму ваквите политики се причината поради која СДС доживеала повеќе изборни порази.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content