Рокас ѝ честиташе на Македонија за усвојувањето на Стратегијата за енергетика

Тој додаде дека за Македонија се приоритетни реформите – усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани.

„Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта – климатска транзиција и енергетика се поврзани и нужни меѓу другото и заради оскудните енергетски ресурси со кои Европа располага“, рече Рокас.

Тој истакна дека еввропскиот пејсаж подлежи огромни промени заради геополитичките и стратешките изгледи и заради тоа енергетските изгледи се менуваат.

„Поради тоа, соработката со нашите партнери од Западен Балкан се чини дека е поважна од било кога претходно. ЕУ ги засили напорите да овозможи независност на одредени фосилни горива. Овие мерки, заедно со инвестиции во прекугранична инфраструктура како и регионално поврзување ќе ја подобрат нашата енергетска безбедност и сигурност“, додаде евроамбасадорот.

Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content