Гаши и Зунгу најавија зајакнување на парламентарната соработка меѓу Македонија и Танзанија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, во рамките на пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, што се одржува во Скопје, при што беше истакната подготвеноста за унапредување на билатералната и на парламентарната соработка меѓу двете земји – соопштуваат од Собранието.

– Изразувајќи задоволство од реализацијата на оваа прва билатерална средба, двајцата соговорници изразија подготвеност за почнување парламентарна соработка преку воспоставување групи за пријателство во законодавните домови на двете држави, која би можела да ја отвори вратата и да придонесе и за економска соработка со Танзанија имајќи предвид дека Африка е пазар во развој, стои во соопштението од Собранието.

Двајцата претседатели се осврнале и на претстојната конференција на Интерпарламентарната унија, која е предвидено да се одржи во октомври 2026 во Аруша, Танзанија, како значајна можност за промоција на државата како фактор на стабилност во Источна Африка, а истовремено би ја зајакнала меѓународната соработка преку зближување на парламентарците од целиот свет за поттикнување дијалог, споделување најдобри практики и градење партнерства за глобалните предизвици, како што се одржливиот развој, мирот и демократското управување.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content