СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРИЈА: Младо момче од тетовско пронајдено без знаци на живот во езеро

23-годишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, кој потекнува од тетовскиот регион, село Сараќино, бил сопственик на кафе-бар и бил пријавен за исчезнат од понеделник.

Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција.

Според австриските медиуми, во четврток вечерта била спроведена голема спасувачка операција откако на брегот на езерото биле пронајдени лични предмети на исчезнатото лице. Веднаш потоа во потрагата се вклучиле полицијата, пожарникарите и службите за спасување на вода, како и полициски хеликоптер.

Во операцијата учествувале и 12 нуркачи за спасување на вода и двајца професионални нуркачи од противпожарната служба во Клагенфурт. Биле распоредени и повеќе чамци, а крајбрежјето било блокирано и евакуирано.

Потрагата била прекината околу 20 часот, кога нуркачите по околу 40 минути пребарување го пронашле телото на 23-годишникот на дното на езерото.

Починатиот живеел во Фаак ам Зе и таму управувал кафе-бар. Последен пат бил виден во Дроболах во понеделник во 17 часот, по што семејството пријавило исчезнување.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content