Под превез на „грижа“ за ЕУ: Филипче побара Референдум за Бугари во Устав?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција крајно манипулативно побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што, според него, државата ја плаќа поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура. Во превод – ФИЛИПЧЕ ПОБАРА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВНЕСУВАЊЕ БУГАРИ ВО УСТАВ.

Филипче, единствениот Македонец кој никогаш не видел бугарска негација на македонскиот идентитет, на прес-конференција изјави дека изјавите на Мицкоски за тоа дека „нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија“ наводно отворале прашања за тоа кои се тие отстапки и кој ќе ја плаќа цената од евентуалната изолација на државата.

За потсетување, Анкетата од емисијата „Детектор“ од 05.04.2025-та покажува дека дури 82 отсто од Македонците се против внес на Бугарите во Уставот. Ваквата анкета беше спроведена од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок. Сега, по сите испади на Бугарија, расположението е уште полошо за ваков чекор кој го бара Филипче. ценат познавачите.

На прашањето „Дали новата Влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија“, испитаниците одговориле:

64% – НЕ
24% – ДА

Кај Македонците:

82% одговориле НЕ
12,9% одговориле ДА

Останататите дале друг одговор.

Ова се резутати и на десетици други анкети.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content