Успешна спасувачка акција на Кораб

Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи, информираа пд ЦУК.

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон село Жужње. Таму бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.

Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба, соопшти ЦУК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content