Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција

Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања, понатака, истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта и така натака, порача вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. И затоа го правиме овој план, рокот е некаде околу една година, за после кога ќе ги видиме, првите багери на терен, она што е видливо за граѓаните, навистина да заврши проектот за пет години. Така што рокот кој што првично го дадовме, 2031 година останува и во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција двоколосечно, рече Николоски во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека проектот Вардарска долина на ниеден начин нема да бидат засегнати со трасата која ќе опфаќа брзата пруга и додаде дека оваа или некоја идна влада ќе може да ги реализира предвидените хидроцентрали доколку е тоа исплатливо.

За брзата пруга истакна дека ќе чини околу 10 милиони евра по километар и додаде дека новата траса, која нема совпаѓање со постоечката пруга ќе биде и пократка од неа.

-Цената по километр треба да е нешто под 10 милиони евра, што е релативно компетитивно, имајќи предид дека се работи за дупла двоколосечна пруга, што значи дека целиот проект некаде треба да чини околу 2 милиарди евра. Сегашната пруга од граница со Србија до граница со Грција е 235 километри, но новата, затоа што ќе користи една доста поправа линија, ќе е нешто под 200 километри, рече Николоски.

Нагласи дека се работи многу сериозно, но додека сите овие работи не се завршат, посочи, немам право да ги отривам во јавност.

-Но, ќе кажам еден мал детаљ – тимовите со кои што работиме и врвните светски компании со кои што работиме, пропорачани од Велика Британија, понудија девет рути и од девет рути се избра една која што е најдобра. Можете да замислите со која сериозност се пристапува кога се нудат девет рути, девет решенија и после врз основа на тоа се прави анализа која е најдобрата и се избира една која што е најдобра, посочи Николоски.

Прецизира дека на грчка страна веќе од Атина до Солун има брза пруга, а во моментов има тендерирање од Солун за граница со Македонија. На српска страна, како што кажа, веќе ја пуштија во функција Белград-Будимпешта како брза пруга, во моментов се работи Белград-Ниш и работат на изнаоѓање на средства за делот од Ниш до Скопје.

За проектот за градскиот воз во Скопје рече дека добро напредува.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content