Високи членови на ДУИ на протестот на студентите Албанци

Транспаренти на кои се испишани политички и националистички пораки се забележани на протестот на албанските студенти. Во отсуство на било каков македонски симбол на протестот, студентите своите барања ги упатуваат до македонската Влада.

Поддршка на протестот дадоа пратеници и високи членови од политичката партија ДУИ.  На демонстрантите им се приклучија и лица дојдени од Приштина, а „УЧК“ извици се слушаа додека групата се движеше по Камениот мост од каде започна протестот.

Претходно, поддршка за протестот даде и потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content